logo
logo
logo

Агим Јонуз

Десна левица, рокендрол и ...

Vecer | 04.09.2021

Десна левица, рокендрол и ...

Немам ништо лично со Перо Камиказа во смисла да критикувам за да бидам шизик без основа. Перо Камиказа си е скопски фраер за респекат, оставил белег у Македоњава и сметам дека и понатаму што и да се случи треба да биде ‘‘поштовани лик у граду‘‘. Перо – настрана!

Нек‘ си игра политика де! И он е човек. Сеа коа ке фати еден Ц-Дур у кампања.

Мене ми е интересен оној со брадичкана која не е ни ‘‘ ала-Талибан‘‘, а ни ‘‘ала – Даме Груев‘‘. Викаат дека било секси да носиш брада денес, ама друже, како да га цунеш коа брадата собира прашина цело време по скопскиот асфалт и воздух! Ако го цунеш, не знаеш што си цунал!

Ако е колку за целивање, па друже мој, имај малку критериум!

Десната Левица има добар филм. Не е дека е толку паметна, ама си се спрема да го освои Скопје за парламентарни уште од сега. Во смисла, народ да се залета за Перо, а Перо да мисли дека е ‘‘Мартин Лутер‘‘. И сето тоа да иде како глас на конто на Левица. Ако изгледа мутаво онака у њушка, онаа брадичкана по принципот на ‘‘ бостан елитизмот‘‘ перфидно си продава политички пазарлук.

Комбинацијата Перо – Брадица е убитачна кај една категорија луѓе. Тоа е онаа која е незадоволна од останатите, ама нема муда да рипа и да вика, па овој максимално ја користи таа ситуација да скока и да му контрира чак и на Тито у гроб ако треба. И така, брадица испаѓа дека е у суштина само портпарол на оние кои до пладне не знаат за кого да гласаат, а попладне воопшто немаат намера да гласаат. Битно, брадица ‘‘ је у тренду‘‘.

Арно ама, едно е да бидеш у тренд, а друго е да бидеш бесмртен бренд на полето на модата, као што е на пример “Lacoste”! Е, тоа лакосте се оние од големата тројка – султанатите.

Ако се вратиме на анкетата дека дури 63% од популацијата е неопределена, дали да го олицетвориме тој процент во ‘‘ Левица ке им ебе мамата‘‘! Ма, јебали они сами себе ако сметаат дека тука нема и други игри. Кој гарантира дека појавувањето на бајаги независни не е дел од некаква игра.

Да бидеш независен е парадокс! Нај зависни се у суштина независните. Зошто!? Еве зошто!

Да кажеме на пример еве ја станам градоначалник на Скопје како независен кандидат. И?! И што, да не мисли некој дека султанатите ке ме остават да функционирам!? Кој ќе стои зад мене кога ке треба да правам нешто по сопствено убедување? Па има маме мамино да ми расплачат на секое ќуше оние кои по структура на функционалност се сила сами по себе!

Нека не заборави ниту еден малку писмен човек дека принципот на функционирање е гласачко во советите. Има све живо да му ебат! И така доаѓаме до еден страшно перфиден бизнис! Секој оној што како независен ке ‘‘добие‘‘ у суштина само добива можност да се ценка после со некој од султанатите. Ако сака воопшто да остане жив! Секако како јавна фаца и лик. Не физички.

Брадоњата нема потреба да се мисли премногу за ценкање. Од авион се гледа у суштина дека е печен за ‘‘морам да коалицирам со СДСМ‘‘. Мораш ти ташак мој. Исценкан си ти одамна. Јаден Перо што на крај ке биде сепак задоволен зашто ‘‘ се зборел по чаршија‘‘ дека е штета што не успеал. Перо е естрадна личност. А на естрадна личност што му треба!? Па публицитет бре алаоо!

Ем Перикле задоволен што у Скопје име не му се симиња од медиуми, ем брадоња среќен што е така броејки си ги политичките дукати од грогиран народ, ем народ среќен што некој наместо него го псуе СДС, ВМРО и ДУИ, ем изборите успешно завршени.

Жива јебараана у мозак !

Кој ќе го однесе најголемиот ќар на избориве? Малите и независните. Зошто. Просто! Власта овака или онака секако ке се подели меѓу султанатите. Арно ама никаде нема да има апсолутно мнозинство, во смисла на советите и финтите кои треба да гарантираат добра функционалност. Така да во ниедна комбинација нема да бидат губитници. На крај за утеха ке си лапнат по некое место кое гарантира ‘‘благополучност‘‘, за добра воља коа ке се гласа ДУП или ГУП.

‘‘ Па нису ваљда џаба јели говна по народу, друже судија‘‘!

Некој одамна рекол ‘‘ дајте народу игара и хлеба‘‘. Во современо доба тоа се вика дајте му избори. Зад завесите на целава рошомонијада се спремаат сите за еден лабораториски тест за поделеноста на силите на терен.

Само луд може да не помисли дека догодина нема да има предвремени парламентарни избори. Ако треба ‘‘ крв ке падне‘‘, ама новиот филм на локално ниво нема да смее да растури бизниси во процес, големи пари што се вртат и веќе устоличени локални богови!

И да му се вратиме на брадичено. Колку ли курнаски му стаи на Перота гитара на врат да свира по нивно оро. А он јаден цел среќен што само за него се збори. А бе, и политиката е своевиден рокенрол. Во секој случај, Перо е лик и лик ке остане. А брадичкана нема. Оти ако еден ден му текне да се бричи, ке изгуби од имиџот. Перо нема, си беше и ке остане Перо такозвани алијас Камиказа. Градски шизик!

Тоа ти е! Рокенрол, Левица, Десница, јебачина и политичко шоу.

Ма пусти децу да се играју бре Милосаве, шта ти је!?

Агим Јонуз

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk