Да бидеш јавна личност е многу неблагодарна работа. Ти тераат и мајка и шајка не истомисленици, добиваш ударци ‘‘ испод појас‘‘ и не знаеш кој околу тебе ти е црн душман кој во секојдневието ти се смешка и ти вика ‘‘ кај си бе брат‘‘! А, сељачаана, мајмуни и дупелижачи на партии биле и ке останат ‘‘трошките на маса‘‘ за век и веков. Генерално тие трошки се ‘‘бројката‘‘ со која треба да калкулираш како лидер дека газот ке ти биде залепен за фотељата што стои на чело на масата за конференции.

Откога Заев се изназбори по интервја со еден мешан јазик од сите балкански јазици, сите оние кои немаа до сега муда да донесат некаков нов ветер почнаа да му бараат мани. Секако, Заев се однесува по принципот ‘‘ ко ми наџе ману, да му јебем нану‘‘, ама факт е дека се случува некогаш и да ‘‘ не ја фати добро кривината‘‘, па си праи лапсузи. Со шоферски јазик речено ‘‘ почнува да дрифта‘‘.

Црвени (не реков Червени) линии мора да има па ако треба и никад да не влеземе у Европа. Постои нешто што се вика елементарно достоинство и гордост на еден народ. Држави и народи воделе војни, крв се леело за тоа. Никој не смее да подаде гумичка со која некој ќе ја брише-пише современата историја со која еден народ над друг ќе биде ‘‘гол предност‘

Во рошомонијадата наречена македонска политичка сцена се случува појавата на ‘‘Свети Георгиј‘‘ за да го убие змејот. Бранко Црвенковски! Во време во кое некој веќе длабоко ги забрцал рацете во врелата фурна да вади врели костени. Овој ‘‘ се оградува‘‘ и повлекува од членството во СДСМ, ама ако земеме во предвид дека има премногу ‘‘ јатаци‘‘ во членството, дига голема прашина. Колкумина внатрепартиски ‘‘одвај го чекаат‘‘.

Велат и негативната реклама е реклама. Самиот чекор што го потегнува БЦ е дигање прашина. Дали можеби финтата ‘‘ чекор назад‘‘ е само отварање на патот до ‘‘ три чекора напред‘‘. Во СДСМ како порозно ткиво кое е добро маскирано дека се е во ред, се прави ‘‘ капиџик‘‘ по кој можеби ќе се протне еден нов амбиент во партијата. Дали на БЦ му здосади да седи дома? На тој истиот на кого ни име не му се спомнуваше во најгорливите моменти кои и се случуваа на државата во блиско минато.

Сигурно е дека во овој момент БЦ не може ни столче да помести во партијата, во консталација каква е. Ама, сигурно е и дека ‘‘скопското крило‘‘ на СДСМ би го пречекала назад ‘‘ ко бели лебац‘‘. Заев стапна на суетата на страшно голем број ‘‘Скопјанишча‘‘ кои има да му свртат грб без око да им трепне ако БЦ почне да меша прсти у приказната. Скопските ‘‘тешкаши‘‘ за сега молчат и мудруваат, но ако некој смета дека и да се ‘‘активираат‘‘ нешто ќе направат поинаку, тоа се приказни за пијана раја.

Дали БЦ најавува ‘‘бучкуруш‘‘? И да најавува, и да се преврти околу себе си самиот лично сметам дека само ќе и направи поголема штета на македонската политичка стварност. А на СДСМ може само да му до нанесе голема штета. Единствениот ќар би било враќањето на поедини ‘‘градски фаци‘‘ од кои ако сме пред Бога искрени, не видовме ‘‘аир‘‘.

Бранко, седи си дома, глеј филмови, и која ли ‘‘Г-16‘‘ финта да правиш, ти си ‘‘поништена таксена марка‘‘ барем во актуелниов момент.

Јас лично го критикував Заев во поедини моменти. Стојам сеуште зад критиките, ама нешто мора да бидеме реални и искрени. Кој што би направил на негово место?! Не смееме и да сакаме да заборавиме дека Заев во клучни моменти имаше ‘‘јајца‘‘да преземе нешта кои друг некој не би смеел ‘‘ по цени живота‘‘. Можеби ‘‘бранковистите‘‘ сега од оваа временска дистанца ќе речат дека они би одиграле подобро, ама реално кога требаше да се игра вон ‘‘салонскиот елитизам‘‘ и на улица, никаде ги немаше. Заев стави на коцка ама буквално – се и излезе на фронтот во ситуација која понекогаш звучеше дури и како ‘‘ правило е дека нема правила‘‘.

Некој ќе рече ‘‘сељак‘‘, ама, реално, имаше муда! ‘‘Што јес,… јес!‘‘. Ниту го бранам, ниту го кудам, само ја гледам вистината со своја диоптрија.

Македонија се соочува со една хипокритична ситуација во која додека често се експлоатира зборот ‘‘фашизам‘‘ среќна е што со останати држави кои биле експлицитно фашистички има одлична калимера. Да, а за да биде уште по лицемерно тие се фактори на одлука за нашата европска иднина, ама сите молчат ко ‘‘ П. У шифонски гаќи‘‘! Тоа е политика бре луѓе. Македонија ионака ништо не одлучува сама за себе во рамки на гео-политика. Може ‘‘да ја снема преку ноќ‘‘ ако му застане на ‘‘жуљ‘‘ на некоја ‘‘ташаклија‘‘ држава.

Македонија се брани на поинаков начин од овој. Како етнички албанец жалам ако звучам критизерски, ама и јас сум елемент на ова општество. Јас ја сакам секако Македонија а не Бугарија, ама разумот мора да функционира. Што вели тој!?

Разумот вели, македончиња, пред се – сплотете се. Токму поради таа не сплотеност низ историјата се пропуштени многу нешта за кои сега се жали и романтично кука. Без разлика на тоа дали јас Заев го ‘‘сакам или не‘‘, вистината е таа! Се бори типот !

Има една уште по голема финта која и се случува на Македонија ама ретко кој сака да зборува искрено и без ракавици. Ако додека беа БЦ и Грујо – Мујо на власт, сликата и изборот беа да се определиш помеѓу ‘‘ салонски елитизам‘‘ и ‘‘ примитивен националромантизам‘‘, сега имаме барем еден ‘‘некаков друг вид‘‘. Се вика ‘‘народен елитизам‘‘.

Е, сеа бил ваков, таков! Јеби га! Каков ти е народот, таква ти е и државата!

Чувај ја, сакај ја и негувај ја додека ја имаш!

Агим Јонуз