Докажана теорија на хаосот

Пазарот на трудот во Република Македонија е речиси мртов. Најголемиот работодавач во земјата е државната администрација. Млитава, пренатрупана и бескрајно партизирана, оваа машинерија ги голта и ги меле сите кои се борат за гола егзистенција.
Статистиките говорат дека освен борбата за привилегии и трупање на пари на државното раководство, за сите останати судбината е сериозно загрозена. Животниот стандард на македонските граѓани опаѓа со брзина на светлината, а бројките говорат и за енормното задолжување кое оваа ненародна власт им го остава на плеќи не само на нашите деца, туку и на нашите внуци!
Во однос на капиталните инвестиции, во период од десет години, минатиот месец го допревме дното. Само седумстотини и педесет милиони денари изнесува целосната сума на инвестирање кое го реализирала власта на Заев. Оваа сериозна состојба во услови кога надворешното опкружување ги достигнува своите максимуми, на внатрешен план е сериозен индикатор за тоталната безидејност и за крајно несериозниот пристап кој го има власта во поглед на раководењето со државните ресурси и потенцијали.
За сметка на ова, се случува тоталниот грабеж, кој без усул ги исцицува последните ронки од буџетот за некакви си консултантски услуги, за непотребни и крајно (не)иновативни проекти, се на се за исплата на послушната и крајно игнорантска војска која наместо да спроведе правда и мир, одлучи да се посвети на наплатата за услугите кои ги дадоа за време на увезената шарена револуција.
За потсетување, дел од достапната ревизија која ја имаме на увид преку медиумите ни говори за тоа дека во услови кога нема огрев во поголемиот број на училиштата, додека луѓе побудалени од извршители и присилни наплати на долгови, шетаат изгубено низ улиците, зборувајќи самите со себе си, „Чарлиевите ангели“ од монструозниот параинститут СЈО, само за набавка на апетисани (лешници, бадеми и индиски ореви), за периодот од 2017 до 2019 година, потрошиле речиси педесет илјади евра!
– Педесет илјади евра за протенски додаток, за кој дополнително го очекуваме шокот за вискито и коњаците, кои според тврдењата на очевидците се трошеле по десетина шишиња на дневна основа!
– Оваа разузданост, надополнета со асторномските хонорари, на „заслужните“ комради и партиски војници, кои општо се сумираат на повеќе стотици илјади евра, плус високите плати на обвинителките/лите, во услови на ваков дефицитарен пад и опаѓање на животниот стандард, не претставува ништо друго сем злосторничко здружување за тотално уништување на Република Македонија.
Затоа Уставниот суд е банда на неми и високо платени партиски заслужници, затоа универзитетите се мртви, не дејствуваат, а поединците кои говорат и укажуваат се гмечат и се девалвираат, затоа социјалните мрежи се преполни со говор на омраза, со закани, со спинување на вистината, бидејќи сите оние кои мазнале од медот, се соучесници во злосторството и истите евидентно е дека ќе сторат сѐ, само да не се дознае колку ја наплатиле својата тишина. За сметка на тоа, расне војската од безидејни, тотално разорени луѓе кои немоќни да се справат со оваа поплава, својот бес и својата немоќ ја преточуваат во новата професионална ориентација, а тоа е да се мрази сѐ и сешто, без некоја особена причина.
Тоа е почитувани, жалната вистина за Македонија и нејзините граѓани, денес. Ова враќање во примордијалната заедница, од нас направи примитивци кои со одземеното достоинство му враќаат на општеството со презир, со омраза и со пасивизација. Во услови кога Претседателот на државата, кој порано не нарекуваше „стока“, а денес ни кажува дека ако не ја досегнеше највисоката државна функција, дека сигурно ќе си заминеше од државата, што можеме да кажеме за сите останати кои како „овци“ сеуште блееме додека пред очи ни го демонтираат целокупниот државен и правен систем?!
– Но, ова е токму она што повеќепати сум го констатирала. Специјална војна во изолирана, совршено скроена лабораторија која ја скроија во плурална Македонија. Со истата се мерат и се проценуваат не само психолошките сензибилитети и лојалноста кон државата, туку и редица на други параметри кои Големиот брат ги испорачал да бидат спроведени, во согласност со неговите лични намери.
Оваа систематска девалвација на вредносните критериуми, има за цел преку зомбифицирање на општеството, да создаде паразити кои ќе биде лесно да се контролираат, додека оние кои сеуште не заболеле, застануваат на браникот на одбрана на државата или пак одлучуваат и засекогаш заминуваат во неизвесната туѓина. Ова е најголемата бела чума и доброволен егзодус на кој се приморани граѓаните кои се уморија од гол популизам и изгубените надежи за подобро утре.
Затоа, остануваат нешто повеќе од четири месеци, пред финалниот пад на оваа власт. Потребно е да се надминат несогласувањата и неопходно е сплотување на сите свесни и совесни кои си ја сакаат Македонија и животот во својата татковина. Потребни се големи жртви и сериозни откажувања за да го вратиме кормилото на државата и да се справиме со сиот овој гнилеж и злоупотреби кои речиси не уништија и како битија и како државен систем.
Велат дека надежта умира последна, оваа која ја споделувам со вас е искрена и од срце, станете, да се ослободиме, дојдете и приклучете се, не е важно ни етничка, ни верска припадност, важна е Македонија, важни сме сите!
Иванка Василевска, Универзитетски професор (27 ноември 2019)