Веќе видено – деновиве ЕУ се распаѓа по моделот на Југославија

Постарите читатели се сеќаваат како се распадна Југославија. На распадот претходеше 14. вонреден Конгрес на ЦК на Сојузот на комунистите на Југославија на која делегатите се поделија во две групи: Македонија, Црна Гора, Босна и Србија на една страна, а Хрватска и Словенија на другата.
Во јануари 1990 година кога се одржа 14. Конгресот на ЦК СКЈ во Белград кој заврши по два дена расправа на делегатите, а уште повеќе поделби и расправа во јавноста околу иднината на Југославија која Словенија и Хрватска ја гледаа како држава во распад од која треба да произлезат независни држави во републичките граници, а останатите како федерална држава со поголема демократија и самостојност на Републиките.
Конечно, на 22 јануари околу 22:30 претседателот на словенечките комунисти Милан Кучан ја прекинува тешката расправа помеѓу Словенците и Србите. Кучан му пружа рака на председавчот на Конгресот Милан Панчевски, и ја напушта салата, а по него заминаа и сите 106 словенечки делегати на тој Конгрес. Малку потоа, во знак на поддршка на Словенците Конгресот го напуштија и Хрватите, предводени од нивниот шеф Ивица Рачан.
Околу полноќ седницата на последниот Конгрес на југословенските комунисти заврши, а салата се испразни. Следи граѓанската војна во Југославија и распад на државата. На 25 јуни 1991 собранијата на Словенија и Хрватска донесоа одлука за еднострано прогласување независност, а само месец дена потоа, на 27.6.1991 словенечката цивилна заштита изврши вооружен напад врз војската на Југославија и граѓанската војна која привремено беше прекината со Дејтонската спогодба од 1995 а завршена на Косово, во јуни 1999 година кога е конечно ставен печатот на југословенскиот распад.
Ако видиме, а гледаме, што се случува деновиве со Европската унија ќе забележиме дека ситуацијата е идентична како во со последниот Конгрес на комунистите во 1990-та, кога се распаѓаше Југославија.
Во мај годинава се одржаа избори за Европскиот парламент во кој влегуваат 750 делаегати од сите држави на ЕУ, вклучително и од Велика Британија која е на заминување. На тие избори убедливо победија партиите и асоцијациите од десната политичка страна. Победија десничарите од Европската народна партија (ЕПП) со 178 места во Парламентот. пред Алијансата на либералите и демократите со 108 освоени места. Водечкиот кандидат на ЕПП Манфред Вебер тогаш изјави дека победникот ЕПП има мандат да ја предводи Европската комисија (влада), при што неговиот став тогаш беше поддржан и од германската канцеларка Меркел.
Така беше во мај, но за помалку од два месеци работите почнаа да се комплицираат и менуваат. Одлуката за избор на прв човек на Европската комисија не им беше оставена на внатрешни преговори помеѓу партиите во Европскиот парламент туку, изборот се прави од страна на шефовите на влади на европските држави, европскиот совет. Во тие комбинации Манфред Вебер не е веќе фаворит за претседател на европската влада (комисија), туку сега за тоа место се планира холандскиот социјалдемократ Франс Тимерманс кој е поддржан дури и од десничарката власт во Германија, односно од ЦДУ и германската канцеларка Меркел. Десничарите кои победија на изборите се почувствуваа изневерени и изиграни.
Викендов во Брисел се собраа шефовите на европските влади да донесат заеднички, и конечен став кој влегува во европската влада, и кој ќе биде претседател на Европската влада (комисија). Наместо познатата мазна европска дипломатија на компромиси самитот во Брисел се изроди во конфилкти, меѓусебни обвинувања и длабоки поделеби помеѓу европјаните. Најактивен од десната политичка страна која ја бранеше изборната победа и правото Манфред Вебер да биде шеф на Европската комисија беа бугарскиот премиер Бојко Борисов и неговиот италијански колега. Борисов покажа енергија и принципи обвинувајќи ја за кризата германската канцеларка Меркел и напаѓајќи ја нејзината колебливост која завршила со поддршка на политичките противници и нивниот холандски социјалдемократ Тилеманс.
Но, Бугарите и Италијаните не беа сами во оваа борба. Во тимот беа Италија, Унгарија, Хрватска, Полска, Словачка, Чешка, Латвија, Романија, Кипар и Бугарија. Значи, најмалку десет влади кои се спротиставија на изборната манипулација и обидот да се избере претседател на Европската комисија од левичарите, од социјалдемократите кои не се победници на изборите.
Целиот процес на преговори беше конфликтен и мачен. Подготвителната средба на ЕУ лидерите, формално наречена европски совет, почна во недела (30.06.2019) за да продолжи во понеделник. Но, уште на почетокот работите водеа кон тензии од поголеми размери. Свечената вечера беше одложена за дури три часа, а откако потоа започна работниот дел по само два часа работата беше прекината.
– Средбата на европскиот совет ќе биде продолжена веднаш по потребните консултации, изјави портпаролот на ЕУ Пребен Аман. Колку средбата била напната и тензична говори фактот дека за цело време на лидерите на ЕУ владите им биле одземени мобилните телефони за да не се случи протекување на информации од настанот. Интересот на јавноста, наместо со информации од средбата, беше задоволуван со објавување на менито, што се јадело за време на заедничката вечера.
Уште веднаш стручниот бриселски портал Политико.еу објави дека зад затворените врати на самитот се случувала тензична атмсофера и побуна против изборот на Франс Тилеманс са прв човек на Европската комисија. Објавено е дека бугарскиот премиер Бојко Борисов остро ја нападнал Ангела Меркел заради промена на нејзиниот став и поддршката за социјалдемократот Тилеманс што е патем оценето како политички непринципиелен став на Меркел, што го потврди и германскиот Велт. Политико пренесува дека тензиите се толку големи што е можно самитот да заврши без успех и да продолжи на 15 јули, а за шеф на Европската комисија да биде избрано трето лице, конзервативниот француски политичар Мишел Барние.
Францускиот претседател Макрон упати остри критики за учесниците на самитот и неефикасноста да се избере без потреси нов шеф на Европската комисија, дополнувајќи дека неуспехот е заради лични амбиции на некои од 28-те лидери на самитот, без да посочи на кого мисли.
Ангела Меркел по завршување на вториот ден од самитот изјави дека е потребно повеќе време за договор, и дека се случува обид помалите држави членки на ЕУ да ги надгласаат големите што е можно, вели таа, но не е паметно.
Според БиБиСи тензиите почнале кога сегашниот претседател на Европската комисија Јункер се обидел да го наметне својот заменик Тилеманс за негов наследник, а фаворитот Манфред Вебер да биде претседател на Европскиот парламент, што предизвикало револт и отпор кај Италија, државите од источна Европа и лидерите на десничарските партии кои партиципираат кај победникот на европските избори, ЕПП.
Овој несупешен дел од самитот заврши со најава за нов дебакл. Францускиот претседател Макрон изрази жалење поради лошата слика која ЕУ ја праќа во светот но, веројатно под импресија дека здружените мали држави можат да ги надгласаат амбициите на големите Германија и Франција тој најави дека се противи и скептичен е на било какво проширување на ЕУ додека не се завршат внатрешните реформи.
Ако ние, сегашните 28 членки, не можеме да се договориме можете да замислите што не чека во иднина со нови членки, изјави Макрон. Му возврати полскиот премиер Матеуш Мравјецки кој констатираше дека Италија и нејзините сојузници од источно европските држави имаат тврд став, дека не верува во брзо решение и договор но, дека не посакува исто така и наметнување на решенија со сила. Мазовјецки е остар противник на фаворитот на Меркел и Макрон, холанандскиот социјалдемократ Тилеманс.
И, така, чекор по чекор, ја гледаме Југославија пред распадот во реприза, деновиве во 21-от век. Големите и силни Германија и Франција сакаат да диктираат и наметнат решенија за идната европска влада, малите под водство на Италија не се согласуваат со тоа. Оваа поделба нема да заврши на европскиот самит, туку атмосферата ќе се пренесе и на другите нивоа низ ЕУ а, од друга страна, ќе ги зајакне намерите на Франција и Германија да создадат и наметнат модел дека не се сите исти во Европската унија, дека некои имаат поголеми држави, одговорности и трошоци и затоа треба да имаат и поголеми права. Ова, патем, е спротивно на идеалот и концептот на ЕУ, и нема да ја остави ЕУ без нови потреси во иднина затоа што еднаш стекнатото право на малите држави дека сите се еднакви не се напушта така лесно.
За почеток, Србија и Црна Гора како преговарачи со ЕУ за нивно членство ќе добијат развлекување од процесот, а Македонија и Албанија ќе добијат заклучена врата во чекалницата.
(ДПЛ)