ЗНАЕТЕ ЛИ КОЈА Е НАЈБОГАТАТА ЗЕМЈА ВО ЕУ?

Последниот извештај на Евростат покажува дека Луксембуржаните и понатаму се најбогатите граѓани на Европската унија. Нивната куповна моќ е 2,5 пати поголема од просекот на сите други земји-членки на ЕУ.
Во споредба со европскиот просек, бруто-производот по глава на жител е за 161 отсто поголем во малиот Луксембург.
Ова се објаснува со фактот што платите на многу работници од пограничните земји се вклучени во резултатот од Луксембург, според Евростат.
Следна на листата на богати е Ирска, која со своето поволно оданочување привлекува многу мултинационални компании, со бруто-производ по глава на жител за 134 отсто поголем од просекот на ЕУ.
Трета е Данска, а потоа следат Холандија, Австрија и Белгија.
Најсиромашни се граѓаните на Бугарија и Словачка.
Македонија не е ниту во ЕУ, ниту граѓаните се богати во рамки на Западен Балкан. Напротив.
Граѓаните на Северна Македонија живеат во апсолутна сиромаштија
ЛИНК до сите пропасти на власта
Според Ковачевски НЕ ПОСТОЕЛЕ АРГУМЕНТИ ДЕКА НЕМАЛО РЕЗУЛТАТИ ВО ЕКОНОМИЈАТА
На владина седница донесовме одлука за замрзнување на цените на јајцата од кокошка и оризот, со што излегуваме во пресрет на потребите на граѓаните и спречуваме ценовен шок пред претстојните празници.
Ќе продолжиме да работиме на задоволување на потребите на граѓаните. pic.twitter.com/qP57VabNBO
— Dimitar Kovachevski (@DKovachevski) March 21, 2023
Ве зезаме за сликата. Сето останато е вистина.