Хрватска:

Зголемување на цените на градинарските производи до 100 отсто

Силниот пролетен мраз, повеќемесечната суша, многубројните и разорни пожари, поплавите, ќе доведат до зголемување на цените и овошјето и зеленчукот во Хрватска и до 100 отсто

Силниот пролетен мраз, повеќемесечната суша, многубројните и разорни пожари, поплавите, ќе доведат до зголемување на цените и овошјето и зеленчукот во Хрватска и до 100 отсто.

Сите овие елементарни непогоди кои се нижеа во Хрватска во 2017 година, го донесоа неславниот епитет - година на елементарни непогоди, пишува денеска „Глас Славоније".

Реакција на сето ова е зголемување на цените, па произведувачите на овошје и зеленчук во Хрватска најавија дека ќе бидат принудени драстично да ги зголемат цените, што за одредени производи ќе значи и цена поголема и за 100 отсто.

Со оглед на сето ова, од Хрватската земјоделска комора наведуваат дека најлошо ќе минат произведувачите кои се специјализирани за само една култура, додека најдобро ќе биде за оние кои одгледуваат разновидни култури, бидејќи ќе можат да ги урамнотежат приходите.

Поврзани

Најнови вести

Коментари