Земји од ЕУ со најголем ризик од сиромаштија

Шест земји од ЕУ се соочуваат со ризик од сиромаштија, а четири од нив се наоѓаат на Балканот.

Со над 50 отсто од населението тука е Бугарија, а Романија, Грција, Литванија, Латвија и Хрватска со 30 отсто се меѓу државите со најголем ризик од сиромаштија во ЕУ.

Ова го покажува годишниот извештај на „Еуростат".

Во однос на категоријата материјална депривација на граѓаните – оние кои не можат да си дозволат основни потреби за живот, повторно доминираат Бугарите, потоа следуваат Романците, Грците и Хрватите.

Хрватите се први во ЕУ по бројот на лица на возраст од 34 години кои живеат со родителите, и тоа дури 58,7 отсто.

Грција и Хрватска се најлошите членки на ЕУ ако се земе в предвид грижата на децата меѓу три години и училишна возраст, помалку од три петтини од малите Хрвати и Грци одат во градинка или на слични активности кои ЕУ ги дефинира како „формална грижа за децата".

На сите рангирања и по сите статистики, балканските земји кои се дел од заедницата најлошо котираат.

Поврзани

Најнови вести

Коментари