logo
logo
logo

Завршуваат ремонтните активности во ТЕЦ Неготино, термоелектраната на мрежа на почетокот на декември

Vecer | 23.11.2022

Завршуваат ремонтните активности во ТЕЦ Неготино, термоелектраната на мрежа на почетокот на декември

Во ТЕЦ Неготино завршуваат сервисните и ремонтните активности. Електраната се подготвува за враќање на мрежа на почетокот на декември. Проверките и санирањата се изведуваат од страна на вработени во термоелектраната, домашни стручни лица и стручен тим од Украина, односно од производителот на опремата вградена при изградбата на ТЕЦ Неготино.
– Во завршна фаза е санирањето на намотката и статорското јадро на турбогенераторот, се завршува контролното електрично испитување на намотката, по што ќе се пристапи кон затворање на турбогенераторот и завршни контролни електрични испитувања и заптивноста на истиот, соопштија денеска од АД Електрани на  Македонија.
Вклучувањето на термоелектраната на мрежа е планирано на почеток на декември, се наведува во соопштението, во првиот кус период со еден котел, а потоа и со втор, согласно протоколите за работа.      

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk