logo
logo
logo

Завршува општата комисиска расправа за буџетот за 2022, од утре ќе се разгледуваат амандманите

Vecer | 26.11.2021

Завршува општата комисиска расправа за буџетот за 2022, од утре ќе се разгледуваат амандманите

Се предвидува, според информации од пратениците, амандманската расправа да заврши в среда, а потоа текстот да се достави до Владата, која треба да ги вгради прифатените амандмани. Откако ќе биде вратен во Собранието, дополнетиот Предлог-буџет оди на пленарна седница, а таму расправата трае пет дена. Министерот за финансии Фатмир Бесими, образложувајќи го Предлог-буџетот за 2022 година пред собраниската Комисија за финансирање и буџет, најави дека наредната година ќе биде година на натамошно економско заздравување и забрзување на растот преку инвестиции кои во Предлог-буџетот се предвидени на историски највисоко ниво досега и се првпат поголеми од буџетскиот дефицит. – Сепак, во услови на сѐ уште присутни ризици од пандемијата од Ковид 19, клучна ќе биде и грижата за заштита на здравјето и животите на населението. Неизоставен дел е и редовната исплата на плати, пензии и социјални надоместоци и поддршката на економијата, рече тој. Со Предлог-буџетот за 2022 година, вкупните приходи се планирани на 238,9 милијарди денари и се за 7,4 проценти повисоки од годинава. Вкупните расходи се планирани во износ од 272,4 милијарди денари, што е за 1,4 отсто повеќе oд 2021 година. Дефицитот се планира на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3 отсто од БДП и е понизок за 2,2 процентни поени во однос на проценетиот дефицит во 2021 година. Во Предлог-буџетот за 2022 година за капитални инвестиции се предвидени 37,8 милијарди денари, за околу 27 проценти повеќе во однос на 2021 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk