logo
logo
logo

Заврши ремонтот на генераторот во ТЕЦ Неготино – утре започнуваат активностите за почеток на производството во електраната

Vecer | 04.12.2022

Заврши ремонтот на генераторот во ТЕЦ Неготино – утре започнуваат активностите за почеток на производството во електраната

ЕСМ вечерва соопшти дека вечерва завршиле сервисните и ремонтните активности на генераторот и другата опрема во ТЕЦ Неготино, по што утре во 7.30 наутро ќе започнат, како што соопшти компанијата, „пуштачките“ активности за ставање на електраната во функција на производство. Според ЕСМ, во договорот со економскиот оператор кој ги изведувал работите било наведено дека зафатите треба да завршат до 15-ти декември, но со засилениот интензитет на работа и зголемениот ангажман на вработените, рокот бил скратен за 10 дена, што во услови на енергетска криза ќе значи економски и енергетски бенефит.
„АД ЕСМ вложува максимални напори и засилено ги става во функција сите капацитети, со цел да се задоволи зголемената потреба од домашна електрична енергија, со оглед на зголемените задолжувања од страна на Владата кон АД ЕСМ за испорака на енергија кон Универзалниот снабдувач, институциите, како и бизнис секторот “ – соопшти Електростопанство на Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk