Заминуваат во Германија и таму остануваат од една до четири години

Хрватите кои ќе заминат во Германија таму остануваат од една до четири години.

367.900 луѓе со хрватски пасоши на почетокот на оваа година живееле во Германија, што е за 35.295 луѓе плус во однос на истиот период лани.

Од нив 196.365 се мажи, а 171.535 се жени.

Со ова се зголемува бројот на хрватско население во Германија откако земјата влезе во ЕУ.

Откако се отвори европскиот пазар за Хрватска, до 2015 година 224.971 хрватски државјани престојувале во Германија, но сега таа бројка е многу поголема.

Најголем дел од нив се концентрирани во јужните делови на земјата или во главните економски центри.

Бројот на странци во Германија достигна рекорд и тој сега изнесува 10,6 милиони.

извор faktor.mk

Поврзани

Најнови вести

Коментари