Законот за инвестициите доставен на усвојување

На усвојување во Собранието, Владата го пушти ново усогласениот текст на Предлог-законот за финансиска поддршка на инвестиции.

Со овој закон се уредуваат видовите, висината, условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на инвестициите на деловните субјекти кои ќе инвестираат во земјава.

Од Владата велат дека законот претставува своевидна шема за поддршка согласно прописите со кои се уредува контролата на државната помош за инвестициите. Според нив, целта на законот е поттикнување на економскиот раст и развој преку поддршка на инвестициите за зголемување на конкурентноста на македонската економија и вработувањето, а мерките од законот освен странските, ги опфаќаат и дијаспората, како и домашните компании.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари