МАКЕДОНИЈА ТРЕБА МНОГУ ДА ВЛОЖУВА ВО РАЗВОЈ НА КАМПЕРСТВОТО

За странците, есента идеално време за кампирање, а за Македонците само топлото лето...

Во туристичката населба Претор често се случува кампери да преспиваат, а потоа да заминат за Грција. Како што велат Преспанско Езеро е уникатно и уживаат да поминат некој ден и да ги видат неговите крајбрежни убавини

За љубителите на камперството како да нема сезона. Тие велат дека токму есента, особено септември и октомври се идеални месеци за кампирање низ земјите од Блаканот и Јужна Европа. Нашите територии се дел од нивната долга рута која поминува низ повеќе држави од регионот.

Но најголемиот дел од македонските кампови се сезонски и работат само во лето, а помалку во пролет и есен. Затоа странските љубители на камперството укажуваат дека ако нема каде да кампираат се случува тоа да го сторат на паркинг или во дворот на некоја вила, ако дозволи нејзиниот газда.

Во туристичката населба Претор често се случува кампери да преспиваат, а потоа да заминуваат за Грција. Како што велат Преспанско Езеро е уникатно и уживаат да поминат некој ден и да ги видат неговите крајбрежни убавини.

Љубаниште, Андон Дуков, Ливадиште, Градиште, Елешец, Крани, АС кај Струга и на влезот од Скопје се камповите што се дел од регистерот на кампови што се води во Министерството за економија во ресорот туризам.

Додека камповите од регонот се преполни со кампери, особено оние во Грција и Хрватска во Македонија заради лошата инфраструктуране се многу експлоатирани.

Статистиката вели дека во просек околу 9.000 легла се реализирани за околу 74 илјади ноќевања од кои околу 90% се од домашни туристи, а преостанаите од странски гости.

Но и покрај тоа ставот на ресорното министерство и Комитетот за туризам е дека македонските автокампови треба под итно да се модернизираат, особено оние што се лоцирани на крајбрежјето на Охридско Езеро.Тие сметаат дека овие простори итно треба да се надградат со можностите за развој на нови содржини, бидејќи камперството не е ретро и се повеќе има интерес од страна на странските туристи.

Надлежните сметаат дека за разлика од пред десетина години, изминативе неколку се враќа кампирањето и враќањето кон природата и во нашата земја.

Според нив, камперскиот живот во Македонија е актуелен крај македонските езера, бидејќи се поголем број на македонски, но и странски граѓани сакаат годишниот одмор да го поминат крај езерскиот брег, поблиску до природата. Голем број од нив се и транзитни туристи кои бараат кампови покрај автопатиштата.

Летово во Грција до последно место беа исполнети камповите, но тие за разлика од нашите нудат подобри услови.

Туристичките работници посочуваат дека во македонските кампови странски гости има најмногу во јуни и август,а домашните се во периодот на сезоната од јули до август. Камперите кои што доаѓаат од европските држави се дел од таканаречена Европска камперска тура која им трае и по цел месец, при што по неколку дена се во Македонија.

Тие исто така укажуваат дека треба да се поработи на маркетингот оти многу од нив не знаат дека во Македонија имаат можност за кампирање.

Во Дојран ова лето вриеше од млади кампери, а како што велат од Бирото за туризам за тоа допринесоаа неколкуте музички манифестации кои беа мошне актуелни кај помладата генерација, а имаше и посетители од земјите во регионот. Како што велат одговорните од кампот Партизан цените веќе неколку години се непроменети и за само 500 денари на ден може да се изнајми камп приколка. Според нив има повеќе гости во приватните кампови, особено во реонот на така наречената Светиниколска плажа.

Но, туристичките работници укажуваат дека најголем дел од странските туристи-кампери се модерно опремени, особено оние што патуваат со подвижни камп-приколки. Тие најчесто сакаат за време на одморот да посетат повеќе дестинации, односно остануваат на едно место по неколку дена и продолжуваат да истражуваат, но притоа велат дека во Македонија има прекрасни места само треба да се инвестира во нив за да се подобрат условите.

Како транзитен најпосетуван кампинг-простор во земјава е лоциран на влезот од главниот град Скопје. Локацијата е одлична особено за туристите кои патуваат за или се враќаат од Грција и Турција.

Модерното камперство подразбира уредени кампови со 4 ѕвезди од типот на оние што ги има во Хрватска и каде во исто време има од 2.000 до 3.000 туристи и сите имаат одлични услови за престој.

Статистиката покажува дека околу 25 милиони денари е вкупниот приход од камперскиот туризам во земјава.

(В.Ма.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари