logo
logo
logo

Зa СДСМ и ДУИ поскапувањето на храната е незначително, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 08.12.2021

Зa СДСМ и ДУИ поскапувањето на храната е незначително, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Власта требаше да превзема мерки уште кога почна да се отвора инфлаторната спирала, а секое задоцнување на мерките граѓаните ќе го чувствуваат по својот џеб. Поскапен е лебот, житото, млекото и млечните производи, месото, маслото, овошјето, зеленчукот, кондиторските производи, буквално се што е потребно за животот на едно просечно семејство. Во продавница веќе 1000 денари не стасуваат основните дневни намирници да се испазарат за едно семејство. Над 600 илјади лица живеат во сиромаштија, а таа бројка за жал ќе се зголемува поради неспособноста и неодговорноста на власта на СДСМ и ДУИ. Тие се посветени на криминалот и корупцијата кои одат рака под рака со осиромашувањето на граѓаните. Македонија е земјата која најтешко ја чувствува секоја криза, затоа што мафијата на власт наместо интересот на народот, се води од мотивот за лично богатење. Заев и Заевизмот се изворот на кризите во Македонија. Економската криза, сиромаштијата и стравичната инфлација се резултат на нив и тие не може да бидат решение за оваа криза. Решението се брзи предвремени парламентарни избори и конечно заминување на Заев и заевизмот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk