logo
logo
logo

За Лагард скротувањето на инфлацијата е приоритет

Vecer | 06.03.2023

За Лагард скротувањето на инфлацијата е приоритет

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денеска во интервју за шпанската медиумска групација „Воченто“ најави дека каматните стапки најверојатно ќе се зголемат за 50 базични поени со цел дополнително да се ограничи инфлацијата.

Според неа, тоа е одлуката на ЕЦБ, која беше навестена на последниот состанок посветен на монетарната политика, каде сите бројки вклучени во анализата потврдија дека е многу веројатно зголемување на каматните стапки.

„Главната стапка на инфлација се намали во последните месеци и ќе продолжи да се намалува во текот на следните неколку месеци. Но базичната инфлација, која ги исклучува енергијата и храната во еврозоната, е премногу висока. Треба да продолжиме да ги преземаме мерките неопходни за да се донесе инфлација назад на 2 проценти и го правиме тоа“, рече Лагард.

Таа потсети дека многу економски експерти не исклучуваат зголемување на каматите во 2024 година и над четири отсто, но укажува дека се работи на сузбивање на инфлацијата, дека има напредок во таа работа, но има уште многу работа што мора да се направи.

„Мојата главна грижа е инфлацијата. Не сакаме да ја урнеме економијата, тоа не е нашата цел, туку сакаме да ја скротиме инфлацијата. Зголемувањето на каматните стапки е нашата главна алатка за да го постигнеме тоа бидејќи ја намалува побарувачката и ги намалува инфлаторните притисоци. Во моментот, економијата е отпорна, вработеноста е висока, а невработеноста на најниско ниво“, рече Кристин Лагард.

Таа потврди дека поради инфлацијата трпат граѓаните, особено најранливите и оние кои се најекспонирани, како на пр. пензионери со ниски примања.

„Во ЕЦБ сметаме дека владината поддршка треба да биде насочена кон тие ранливи категории, но привремено, за одреден период. Кога ситуацијата ќе се подобри, кога цените на енергијата паѓаат и кога цените на храната ќе се стабилизираат, владите тогаш треба да ја повлечат поддршката затоа што на тој начин ја поттикнуваат граѓаните да штедат енергија наместо да ја користат како ништо да не чини“, рече Лагард.

(Танјуг)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk