logo
logo
logo

За десетина дена ребалансот на владина седница

Vecer | 13.05.2022

За десетина дена ребалансот на владина седница

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи засега не може да каже колкави ќе бидат побарувањата на нашата држава од ММФ и од други извори. Очекува дека за десетина дена ребалансот ќе се најде на владина седница. Тогаш, рече, ќе се знае за колкави средства станува збор. ММФ, според Битиќи, се уште нема испратено извештај по последната Мисија во земјава. Ребаласот е при крај, дополни вицепремиерот. Се прават последните консултации со сите чинители. -Се уште не можам да кажам, се додека немаме одговор. Мисијата на ММФ е завршена, но се уште немаат испратено извештај. Се чека одговор од нивна страна. Да почекаме уште некој ден. Се надевам дека за десетина дена ќе дојде ребалансот на Влада. Тогаш ќе имате одговор и колку пари се бараат како еврообврзница, колку од ММФ, колку од други извори, рече Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања по денешната посета на фабриката „Брако“ во Велес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk