Со цел подобрување на квалитетот на воздухот, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Градот Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), објавува втор повик за финансиска поддршка на домаќинствата од Лисиче кои се греат на огревно дрво, јаглен, нафта или отпад со цел замена на старите грејни тела, со нови енергетски поефикасни.

Дополнително на ова, на избраните домаќинства ќе им се помогне да ги заменат и старите (дрвени) прозорци и врати заради зголемување на енергетската ефикасност во објектите во кои живеат.

Финансиската поддршка за воведување на овие мерки е обезбедена од Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – СИДА преку проектот “Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје”.

Мерењата на загаденост на воздухот покажуваат дека Лисиче е меѓу најкритичните во Скопската котлина. Имајќи ги предвид местоположбата и карактеристиките на областа Лисиче – индивидуални објекти за домување, близината на станицата за мониторинг на квалитет на воздух на МЖСПП, доминантниот начин на загревање на домовите со огревно дрво и сл. – оваа зона е предложена од експертите како тест област во која треба да се спроведат мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.

Сите информации за повикот, како и формуларите за пријавување ќе ги најдете на следниов линк: https://zivotnasredina.skopje.gov.mk/vtor-povik-za-finansiska-poddrshka-na-domakinstvata-vo-lisiche-za-zamena-na-grejnite-tela-na-ogrevno-drvo-jaglen-nafta-ili-otpad-so-tsel-namaluvane-na-zagaduvaneto-na-vozduhot-vo-skopje/

 

makfax.com.mk