ПО СРБИЈА, БиХ, Косово...

Врвните вина на Стоби и добрата храна дел и од македонското мени

Овој спој на вина и храна кој стартува утре во ресторантот сместен во винаријата "Стоби" ќе биде преставен пред љубителите на виното во пет градови во Македонија меѓу кои и Скопје, Охрид, Битола и Струмица.

Новата култура кон виното во комбинација со одличната храна деновиве ќе биде присутна во македонската јавност со врвбите вина од специјалната серија "Приватна резерва" на винаријата "Стоби" и гастрономските специјалитети подготвени од реномираниот шеф Влатко Огненовски.

Овој спој на вина и храна кој стартува денеска во ресторантот сместен во винаријата "Стоби" ќе биде преставен пред љубителите на виното во пет градови во Македонија меѓу кои и Скопје, Охрид, Битола и Струмица.

Според Ана Јорданова соственичка на винаријата "Стоби" вакви гастрономски манифестации тие веќе организирале во Србија, Босна и Херцеговина и Косово и во други држави при што наишле на голем одзив и позитивни оценки од посетителите.

-Токму таа атмосфера сакаме да ја пренесеме и во Македонија, бидејќи специјалитетите на шефот Огненовски и нашите врвни вина пружаат врвно гастрономско уживање - вели Јорданова.

Во оваа премиум линија се вклучени вината "акација", "аура", "аксиос", "аминта", "вердо""и "веритас" кои изминативе две години освоија бројни домашни и меѓународни награди.

Што се однесува за годинашната берба, од "Стоби" велат дека поради студената зима и топлото лето родот е повеќе од преполовен, но квалитетот на грозјето е на високо ниво.Тие сметаат дека ќе ги задоволат вкусовите на врвните светски љубители на виното.

Поврзани

Најнови вести

Коментари