logo
logo
logo

Во првите шест месеци 75 проценти повеќе туристи од истиот период лани

Vecer | 12.08.2022

Во првите шест месеци 75 проценти повеќе туристи од истиот период лани

Бројот на туристите е во периодот јануари – јуни 2022 година е зголемен за 75 проценти во однос на истиот период лани, а бројот на ноќевањата бележи раст од 66,3 отсто. Според Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи е зголемен за 25,4, а на странските за 131,3 отсто, додека во однос на ноќевањата, кај домашните туристи има зголемување за 29, а кај странските за 109,2 процента. Бројот на туристите во јуни 2022 година изнесува 83 532. Од нив, 32,3 отсто се домашни, а 67,7 се странски. Бројот на ноќевањата е 189 111 и од нив 39 проценти се од домашните, а 61 отсто од странските туристи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk