Во Грција се намалува стапката на невработеност

Стапката на невработеност во Грција во мај падна под 20 отсто, за прв пат од септември 2011 година и изнесува 19,5 проценти на годишно ниво, изјави министерката за труд и вработување, Ефи Ашиоглу.

Грчкиот Завод за статистика соопшти дека во мај минатата година невработеноста изнесувала 21,7 отсто.

„Ова намалување е, без сомнение, охрабрувачки и оптимистички”, кажа Ашиоглу.

Грција и понатаму има една од највисоките стапки на невработеност во Европската Унија (ЕУ), а од 2010 година зависи од меѓународната финансиска помош.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари