logo
logo
logo

Во Франција возачите се повеќе го користат ЕТАНОЛОТ како гориво

Vecer | 26.01.2023

Во Франција возачите се повеќе го користат ЕТАНОЛОТ како гориво

Продажбата на етанол во Франција се зголеми за 13 отсто во 2022 година, бидејќи граѓаните во потрага по заштеда се свртеа кон поевтин бензин кој содржи дури 85 отсто етанол, објави здружението на производители на етанол и алкохол SNPAA, пренесе Ројтерс.

Така, вкупната продажба на етанол достигна приближно 1,47 милиони кубни метри, наспроти 1,30 милиони во 2021 година.

Продажбата на гориво со ознака Е85, биогориво кое содржи 85 отсто етанол и 15 отсто бензин, се зголеми минатата година за речиси 83 отсто, на 854.000 кубни метри. Горивото на база на етанол во Франција се добива од житарки или шеќерна репка.

„Минатогодишниот успех е поврзан со растечките стравови за војната во Украина, која предизвика скок на цените на горивото, и со фактот дека производителите на опрема за тоа гориво успеаја да одговорат на дополнителна побарувачка“, објаснува Силвен Демоурс, генерален секретар на здружението.

Иако е потребно повеќе етанол за возење на исто растојание од стандардниот бензин, пониските даноци сепак го прават горивото на база на етанол поевтино за возачите.

E85 е најевтиниот бензин на францускиот пазар. Употребата на овој тип на гориво бара инсталирање на специјална опрема со цел да се прилагоди моторот да работи на биогориво, забележува Ројтерс.

Демоурс предвидува дека продажбата на горивото E85 најверојатно ќе порасне за дополнителни 25 проценти оваа година, достигнувајќи осум проценти пазарен удел. За споредба, лани имаше учество од 6,5 отсто, а претходната година четири отсто, потсетува првиот човек на здружението на производители на етанол и алкохол.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk