logo
logo
logo

Во Еуроникел Индустри во тек е имплементација на производните процеси, системот се рестартира

Vecer | 11.05.2023

Во Еуроникел Индустри во тек е имплементација на производните процеси, системот се рестартира

Во погоните на Еуроникел Индустри се финализира целосната имплементација на производните процеси со што системот се рестартира и наскоро производниот процес ќе се одвива непречено. Еуроникел Индустри ќе продолжи со производство според расположливите капацитети.

Менаџментот и управата на компанијата остварија средба со претставниците на синдикалната организација, при што ги запознаа со моменталните процеси во компанијата и сукцесивното враќање кон целосна оперативност. Постигнато е обострано разбирање за осетливоста на ситуацијата и последиците предизвикани од условите за работа во изминатава година.

Веќе извесен период се работи на обезбедување на неопходните материјали и суровини што се потребни за повторно започнување на производниот процес. Долгиот застој во производството и екстремните цени на електричната енергија, оставија последици врз работата на компанијата за што е потребно време за повторна оперативност со максимален капацитет.

Во досегашното работење Еуроникел Индустри секогаш ги имаше како приоритет своите вработени и добавувачи и на секој можен начин обезбедуваше средства за исплата на плати дури и кога компанијата не работеше и немаше приходи. Обезбедување егзистенција и работа за вработените и за добавувачите останува во фокусот на Еуроникел Индустри и во следниот период.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk