logo
logo
logo

Во Чаир зајакната контрола во продажни објекти кои работат во недела, изречени 12 мерки

Vecer | 14.08.2022

Во Чаир зајакната контрола во продажни објекти кои работат во недела, изречени 12 мерки

Припадници на Единицата за интервентна полиција во координација со инспектори од Државниот инспекторат за труд, денеска во периодот 10:00 до 17:00 часот, на подрачјето на Општина Чаир извршиле контроли во објекти на ул. „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“ со цел да се утврди дали работодавачите ги почитуваат законските одредби кои се однесуваат на забраната за работа во недела во оние дејности кои не спаѓаат во исклучоците утврдени со Законот за работни односи. Како што информира МВР, од вкупно извршените контроли изречени се 12 мерки, односно издадени се осум решенија за забрана за вршење дејност во рок од 15 дена, три решенија за наредба за засновање работен однос за лица затекнати во објектите без регулиран работен однос и едно решение за опомена за регистрирање на нерегистрирана дејност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk