logo
logo
logo

Во „Аџибадем Систина“ лабораториски пакети за детален ПОСТ-КОВИД СКРИНИНГ

Vecer | 25.06.2021

Во „Аџибадем Систина“ лабораториски пакети за детален ПОСТ-КОВИД СКРИНИНГ

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ воведува промотивни пакети за  лабораториски анализи за одредување на биохемиско-имоунолошки статус кај пост-ковид пациенти.

Ваквите анализи се препорачуваат за сите пациенти кои прележале Ковид-19 без разлика дали биле асимптоматски, имале полесни симптоми или имале потешки компликации и биле хоспитализирани како резултат на инфекцијата со SARS-CoV-2, со цел следење на биохемиските и имунолошки параметри кај пациентот.

За пациентите се достапни три вида на пакети:

  • Пакет 1 по цена од 1900 денари е наменет за оние пациенти кои биле асимптоматски случаи и се препорачува да се направи најрано еден месец по прележување на Ковид-19 и да се повторува на најмалку три месеци.
  • Пакет 2 по цена од 2900 денари се препорачува за пациентите кои за време на инфекцијата имале полесни и поблаги симптоми. Испитувањата е најдобро да се повторуваат секој месец или максимум на три месеци.
  • Пакет 3 по цена од 4.300 денари е наменет за пациенти кои биле хоспитализирани, за пациенти кои имале изразени белодробни потешкотии или имале други потешки симптоми од Ковид-19.

Испитувањата задолжително треба да се прават најмалку еднаш месечно и да се повторуваат се додека по прележаниот вирус телото не се врати во првобитна состојба.

Испитувањата се прават преку крвна анализа, а резултатите се добиваат истиот ден. Во пакетите е вклучена и бесплатна консултација и читање на лабораториските анализи од страна на специјалист- кардиолог, секој работен ден од 14 до 15 часот.

Целта на специјалистичките консултации е понатамошно насочување и советување на пациентот врз основа на лабораториските резултати или упатување на понатамошни прегледи и испитувања. „Аџибадем Систина“ нуди и можност за земање на примероци за анализа и во вашиот дом, благодарение на услугата HomeLab.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk