logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Во Струмица граѓаните плаќаат 100% поскап гас поради неспособноста и криминогеноста на заевизмот

Vecer | 16.01.2022

ВМРО-ДПМНЕ: Во Струмица граѓаните плаќаат 100% поскап гас поради неспособноста и криминогеноста на заевизмот

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека владата на Зоран Заев потроши пет години, а не мрдна со прст за гасификација на државата. Напротив ветуваше дека ќе ја гасифицира државата по примерот во Струмица. Епа тој пример сега е показател за лош модел. Струмичани сега плаќаат речиси 100% поскап гас, затоа што Заев и екипата околу него беа зафатени со криминали корупција и избори, наместо да обезбедат поевтин гас, како што тоа го направија останатите држави во Европа. И во време на енергетска криза, но и надвор од неа, Македонија поради заевизмот плаќа најскап гас. Додека сите влади водеа интензивни разговори за обезбедување на гас по пониски цени, Заев го водеше пиунот Ковачевски за рака низ партија. Додека државите се подготвуваа за ценовниот удар, Битиќи и Бектеши уверуваа дека нема да има позначајно поскапување и удар по џебот на граѓаните. Сега граѓаните во Струмица кои ќе плаќаат скоро двојно поскап гас,на свој грб ја чувствуваат неспособноста, неодговорноста и криминогеноста на заевизмот – се вели во реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk