ВМРО-ДПМНЕ: Градежништвото, кое е мотор на економијата и влече околу 20 други гранки со себе, има пад од 37%

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ со реакција по изјавите на Министерот за финансии, Драган Тевдовски на денешната конференција по повод започнување на изработка на програмата за економски реформи 2019-2021.

„Резултати во економијата има, тие се нула. Една голема нула повеќе од една година за целата економија. Економското цунами Заев – Тевдовски – Анѓушев ја уништува економијата. СДСМ повеќе од една година е на власт, а економијата не само што не оди напред, туку стагнира. Минатата година ја завршивме со 0% раст на БДП, првиот квартал од 2018 година со 0.1%. Ова е дно. Додека земјите од регионот и Европа бележат вртоглав раст, ние стагнираме“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Економските индикатори, како што нагласуваат од партијата, не се единствен параметар кој укажува на бедата кон која ја води картелот државата.

„Граѓаните живеат се полошо и полошо. Цените во малопродажба се се повисоки, а платите се помали. Градежништвото, кое е мотор на економијата и влече околу 20 други гранки со себе, е во пад. 37% изнесува падот во градежништвото. Ова не е дно, ова е пробиено дно.

СДСМ покажа дека не знае да ја води Република Македонија. СДСМ за една година покажа целосна неспособност. Една година граѓаните тонат во беда, а животот кој толку надежно го најавуваа дојде само за фирмите на Заеви и Анѓушев, кои влегуваат во милионски бизниси и зделки.

Граѓаните се изневерени и излажани. Предизборните ветувања се испоставија како една огромна лага. Економското цунами Заев – Тевдовски – Анѓушев ја уништува македонската економија. Државата не смее да продолжи по патот на економската катастрофа. Република Македонија заслужува подобро. Граѓаните заслужуваат подобро“ се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари