logo
logo
logo

Владата за само 20 дена го задолжи повеќе од 200 евра секое семејство, вели Мицкоски

Vecer | 21.01.2022

Владата за само 20 дена го задолжи повеќе од 200 евра секое семејство, вели Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во Тема на денот на Сител ТВ истакна дека Владата повеќе од 200 евра за само 20 дена го задолжила секое семејсттво. - Ако сега ја погледнете состојбата, да бидам попрецизен на 20 јануари, а тоа беше вчера некаде околу 110 милиони евра е во минус државната каса. Тоа значи дека 110 милиони евра помалку пари собрани од тоа што се потрошени или да бидам уште попластичен повеќе од 200 евра за само 20 дена го задолжија секое семејство во Македонија, а сметка на тоа инвестираа не повеќе од 3 милиони евра во капитални инвестиции некаде околу 186 милиони евра. Значи не се само 6 милиона туку многу повеќе се, затоа што пари се даваат и се плаќаат во МЕПСО, во ЕСМ, а сето ова немаше да биде така ако послушаа што им зборевме во април, мај изминатата година, вели Мицкоски за Сител.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk