logo
logo
logo

Владата набавува леб по цени од 30 до 100% повисоки од цените кои ги пропишува

Vecer | 04.03.2023

Владата набавува леб по цени од 30 до 100% повисоки од цените кои ги пропишува

Владата на Ковачевски самата не ги почитува прописите кои ги пропишува, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека додека Владата зборува за замрзнати цени на лебот, таа самата набавува леб по цена 30 до 100% повисока од таа која самата ја пропишала.

-Службата за општи и заеднички работи при Влада во втората половина од минатата година склучила договор за набавка на бел леб по цена од 41,4 денари за 450 грама. Очигледно кога се работи за народните пари власта не знае да штеди и да пресметува па дава и колку што треба и колку што не треба.

Уште поеклатантен е примерот со белиот леб со продолжен рок кој што го плаќа за 75,6 денари за 450 грама. Од Владата молчат за ваквите цени. Кога ги трошат народните пари немаат ограничувања.

Според кои пресметки на Владата е логично да се набавува леб по овие цени кои се 30 до 100% повисоки од цените кои ги пропишува Владата? Зарем Владата набавува леб по цена која ги крши прописите на Владата и со тоа самите стануваат соучесници?

Ковачевски и неговата Влада се клучните одговорни за „лебната криза“ во Македонија, бидејќи со своите политики доведоа до целосен колапс и хаос на пазарот, којшто граѓаните го плаќаат. Токму народот со оваа Влада доживува највисока инфлација на цените, особено на прехранбените и основните производи, доживува празни рафтови, доживува беспарица и други дежа ву состојби од транзицијата. Ова мора да престане. Оваа криминална и неспособна власт на ДУИ поддржана од СДС мора да замине, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Фото: Димитар Ковачевски ФБ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk