Владата финансира набавка на лубриканти – распишан e тендер (ФОТО)

Бизарна јавна набавка осамна вчера на страницата на Бирото за јавни набавки, со државни пари ќе се набавуваат 20.000 шишиња со лубрикант за „Здружението на граѓани Еднаквост за геј и лезбејки-ЕГАЛ Скопје", објавува денеска порталот Лидер.мк

Тендерската документација за набавката до која стигна Економски Лидер е обилна, а во неа стои дека оваа невладина организација во склоп на „Програма за заштита на население од ХИВ во Република Македонија 2018" со државни пари, ни помалку, ни повеќе – ќе набавува 20.000 шишиња лубриканти. Понудите за набавка на лубрикантите, заинтересираните компании може да ги достават најдоцна до 15-ти месецов.

Во техничката спецификација е наведено дека лубрикантите треба да бидат без вкус, без мирис и без боја.

Како штитат лубрикантите од ХИВ?

Економски Лидер се обиде да стапи во контакт со здружението „ЕГАЛ", кои сакавме да ги прашавме: Каква врска имаат лубрикантите со заштитата од ХИВ? И зошто парите на даночните обврзници се трошат за оваа намена, ако се има предвид дека лубрикантите немаат никаква врска со заштита од ХИВ вирусот?

Но, нашите обиди завршија неуспешно, никој во ова здружение не одговараше на нашите телефонски повици на официјалниот телефон 02 3220 851 кој е оставен на нивната официјална веб страница (egal.org.mk)

Инаку, програмата за заштита на населението од ХИВ вирусот за 2018, од која здружението за заштита на геј и лезбејки има добиено средства за јавната набавка на овие лубриканти, е финансирана од владата. Во неа годинава се издвоени над 95 милиони денари (или 1,5 милиони евра) државни пари, кои ќе се потрошат за оваа намена. Годинава е евидентирано енормно зголемување на трошењето за оваа програма, која лани се финансирала со 11 милиони денари. Целата програма можете да ја погледнете во документот на следниот линк (клик).

Која е невладината која на хомосексуалците им купува лубриканти со државни пари

Невладината „Здружение на граѓани Еднаквост за геј и лезбејки-ЕГАЛ Скопје", постои во 2004 година. Проверката во централниот регистар покажува дека единствено поврзано лице со неа е извесен Зоран Јорданов, кој е претседател и законски претставник на здружението.

Кратката проверка по интернет, покажува дека оваа невладина организација има свои СОС линии за хомосексуалци и лезбејки, но и помош за оние ЛГБТ лица кои имаат сида.

Во 2014, оваа невладина организирала фестивал на ЛГБТ лицата наречен „Ѕуница". На постерот за овој фестивал, заштитно лице бил сегашниот пратеник, а тогашен нивни активист, Павле Богоевски.

Извор: Лидер

Поврзани

Најнови вести

Коментари