Вишокот и отпадот на храна е сериозен проблем за сите држави во Европа

Министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство Љупчо Николовски присуствуваше на собир со министрите за земјоделство од земјите од Западен Балкан во Загреб, во организација на Томислав Толушиќ, министер за земјоделство на Република Хрватска. На состанокот се дискутираше за теми кои се важни за целиот регион, како што се иницијативата за воспоставување на директива на фер трговска пракса, регистрирање на традиционални земјоделски производи и справувањето со вишокот на храна.

Република Македонија има конструктивен пристап во примената на одредбите од ЦЕФТА договорот. Ова има за цел да обезбеди слободно движење на стоки и особено на земјоделски производи во рамките на трговската зона ЦЕФТА, со примена на сите обврски кои произлегуваат од договорот и практиките кои се познати во ЕУ.

„Mакедонското Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство ќе ги применува и воведува про-европските политики и практики во справувањето со сите отворени прашања што се јавуваат меѓу нашите земји, вклучувајќи усогласување со Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) на Европската Унија, заедно со процесот на преговори со нашите партнери. Затоа ја цениме ја понудената помош од нашите европски партнери во процесот на интеграција кон ЕУ, истакна Николовски.

Министерството за земјоделство водостопансто и шумарство исто така цели кон целосно почитување на фитосанитарните и ветеринарните стандарди и поддржува законски решенија за регулирање и редуцирање на отпадот на храна. Вишокот и отпадот на храна е сериозен проблем за сите држави во Европа, а соодветните законски решенија и регионални соработки во овој правец директно ќе влијаат врз регулирање и редуцирање на отпадот на храна што ќе има позитивен ефект врз нашата економија , благосостојба и животна средина. Во врска со заштитата на традиционалните земјоделски производи МЗШВ подготвува примена на директиви со кои ќе овозможат заштита на македонските земјоделски производи и традиционалните специјалитети.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари