(Видеодебата) Даночната реформа требаше да удри врз тајкуните, а не врз професионалците

Воведувањето на прогресивниот данок удира врз висококвалифукуваните кадри, додека тајкуните се заштитени. Министерството за финасии сè уште мисли дека  25 милиони евра  што ќе се слеат од данокот ќе покажат ефекти во борбата со сиромаштијата. Дебатата на „Макфакс“ со  Бранимир Јовановиќ, советник во Министерството за финансии, Маријана Андриќ, стручен финансиски консултант на МАСИТ, и Љупчо Петковски, директор на „Еуротинк“, Центар за европски стратегии.

Според Јовановиќ, време за анализи и солидна подготовка имало и очекувани биле реакциите на бизнис-секторот, но наскоро сите ќе се соочиме со бенефитот од даночната реформа.

„Веќе година и пол зборуваме за воведување на прогресивниот данок и сме сосема транспарентни во одлуката. Имаше доволно време да ги направиме сите анализи и конечно реформата да стапи на сила. Разговаравме со сите колеги од земјите каде што беше донесена ваква прогресивна даночна интервенција и бевме подготвени на реакции. Такви имало и во Албанија и во Словенија, но сега тие земји ги уживаат придобивките од овој праведен закон“, рече Јовановиќ.

Наспроти овие аргументи, Андриќ го посочи примерот со Романија каде што ИТ-професионалците се ослободени од плаќање  персонален данок, а оваа мерка довела до зајакнување на капацитетите на фирмите и со отворање на многу работни места, а со тоа и намалување на невработеноста и на сиромаштијата.

„Ако ги соочиме бројките, ќе видите дека професионалците и висококвалификуваните кадри се чувствуваат погодени и се испраќа порака дека квалификуваноста е неисплатлива, со што ќе се отстрани стимулот за развој на способности и квалификации. Сите сме за правда и за рамноправност, но ова не е начин таа да се постигне“, смета Андриќ.


„Имам впечаток дека Владата за овој закон била ставена меѓу чеканот и наковалната и дека одлуката, иако е од економски карактер, не е креирана и мотивирана само од економистите туку од политичките фактори во Владата. Што правиме со навистина моќните компании, тајкуните, од нив требаше да се почне и даночните интервенции да се направат во крупниот капитал“, смета Петковски.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари