logo
logo
logo

(Видео) Славески: Нивото на корупција може да остави катастрофални последици по економијата и образованието

Vecer | 29.01.2021

(Видео) Славески: Нивото на корупција може да остави катастрофални последици по економијата и образованието


Oд вчерашните изјави на Љупчо Николовски гледаме дека сме добиле висок владин функционер не за борба, туку за забошотување на корупцијата, рече на прес-конференција Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ, во врска со светскиот индекс за корупција што вчера го објави „Транспаренси интернешнл“.

„Не пораснала корупцијата, ќе каже Николовски, туку пораснала перцепцијата за неа! Па тоа е единствениот начин за мерење на нелегалните активности за злоупотреба на моќта во лична корист. Ова е како да кажете дека не се зголемила недовербата во власта кај граѓаните, туку само се намалил нејзиниот рејтинг“, објасни Славески.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=7dwZ664U6ns[/embed]

Според него, како и обично, СДСМ причината за дебаклот на полето на спречување на корупцијата и овој пат ја бара во опозицијата и ја лоцира во некои, како што кажа, наводни остатоци во сферата на судството.

„Владеењето на правото е важен елемент за имиџот на една земја на планот на корупцијата, но индексот за кој зборуваме се формира и врз основа на други показатели кои се темелат на анкетни истражувања со бизнисмени, домашни и странски, и релевантни експерти, од разни области за корупцијата во доменот на обезбедување лиценци и дозволи; корупција кај јавните набавки; во областа на образованието и здравството и сл“, додаде тој.

Славески во своето обраќање предупреди на катастрофалните последици од високото ниво на корупција по економскиот раст во една земја.

„Инвеститорите соочени со корупција од страна на носителите на власта се воздржуваат од инвестиции и ширење на постојните бизниси, што го намалува долгорочниот потенцијал за раст на економијата, а со тоа и повисок животен стандард на граѓаните“, посочи претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој подвлече дека високото ниво на корупција, исто така, не е погодно тло за поамбициозни реформи во образованието.

„Корупцијата негативно влијае врз мотивацијата на луѓето за инвестирање во својот човечки капитал, а во драстична форма го поттикнува иселувањето на младите, со што се губи есенцијална супстанца за просперитет на економијата и општеството на долг рок“, рече Славески.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk