logo
logo
logo

(Видео) Лукаревска: Расте интересот за ваучерскиот систем за поддршка на спортистите

Vecer | 14.02.2021

(Видео) Лукаревска: Расте интересот за ваучерскиот систем за поддршка на спортистите


Мерката ваучер систем овозможува 10 милиони евра годишно да се донираат кај спортските субјекти и на тој начин да се придонесе кон подобри услови за напредок на спортот и постигнување на успешни спортски резултати на национално и меѓународно ниво“, кажа директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска на денешната прес-конференција и информираше дека преку овој концепт, во 2019 година 639 компании донирале 492.931.010 денари на 377 спортски субјекти, а во 2020 година 677 компании донирале 547.798.298 денари на 677 спортски субјекти.

Лукаревска истакна дека оваа мерка која се спроведува од 1 јануари 2019 година преку Управата за јавни приходи, на компанијата која донира во спортот, и се намалува пресметаниот данок на добивка за износот на донираните средства, но најмногу до 50% од пресметаниот данок врз основа на ваучер издаден од Агенцијата за млади и спорт.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=vGorQru7B8o[/embed]

„ Постапката е целосно електронска со тоа што даночниот обврзник преку електронскиот систем на Управата за јавни приходи е-Даноци поднесува барање, а УЈП врши проверка на расположливите средства на ваучерот. Потоа донаторот електронски ја известува УЈП за извршената донација и кон известувањето доставува и доказ за извршената донација, односно налог за извршена уплата на наменска сметка и извод од банка. По ова известување, Управата за јавни приходи го потврдува или го одбива правото на намалување на пресметаниот данок на добивка за износот на донираните средства. Компанијата преку оваа мерка може да донира во еден спортски субјект од секој вид спорт, а по исклучок може да донира и во два спортски субјекти од ист вид на спорт, само доколку едниот субјект е националнa спортскa федерациja, a другиот спортски субјект е спортски клуб или активен спортист кој се натпреварува во индивидуален спорт“, истакна директорката на УЈП Лукаревска.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски нагласи дека изминатата година реализацијата на ваучерите, иако во време на Ковид-19, е висока и изнесува 89%.

„ Тоа ни дава за право да констатираме дека ова е вистинска мерка и дека вистински се искористува во спортот и стигнува до крајните корисници – националните спортски федерации, клубови и спортисти. Системската поддршка што ја добиваат спортските субјекти на овој начин е клучна за остварување високи спортски резултати и за достоинствен живот и услови за работа на сите спортисти и спортистки, професионално и рекреативно. Со овој систем на распределба ја зголемуваме мотивацијата и интересот за спонзорирање на стопанските субјекти во спортот“, рече Мојсовски.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk