logo
logo
logo

(Видео) Кузеска: Инвестиција на ,,Лидл” од 300 милиони евра и отворање нови работни места

Vecer | 02.06.2021

(Видео) Кузеска: Инвестиција на ,,Лидл” од 300 милиони евра и отворање нови работни места


Како дел од Интервентниот план на инвестиции во вредност од над осум милијарди евра кои треба да се реализираат во периодот 2021 – 2027 година, најавена е и голема странска инвестиција на „Лидл“ од Германија, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа рече дека е предвидено овој голем германски познат бренд да отвори неколку маркети во Скопје и уште во 7 други градови.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=MOscVM8q7Go[/embed]

„ Вредноста на оваа инвестицијата е 300 милиони евра, а во тек се преговорите за точните локации кои ќе се отворат прво во Скопје. Со влезот на ‘Лидл’ – познатиот синџир на маркети, ќе се поддржи и македонското земјоделство.

Обврска на инвеститорот ‘Лидл’  е и откуп и продажба на домашни земјоделски, кондиторски и секаков вид на производи кои се компетитивни за сите маркети на ‘Лидл’ во југоисточна Европа. ‘Лидл’ значи и отворање нови работни места во Скопје и во повеќе градови во нашата држава“, истакна Кузеска.

Таа додаде дека следната голема инвестиција е домашна македонска за фабрика за производство на македонски челик со целосно еколошка документација и дополнително 50 мегавати фотонапонска електрана. Вредноста е 250 милиони евра и се работи за комплетно германска опрема со сите еколошки сертификати, нагласи таа.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk