logo
logo
logo

(Видео) Ковачевски: Засилено ќе произведуваме струја за да го заштитиме стопанството од ценовен шок

Vecer | 07.10.2021

(Видео) Ковачевски: Засилено ќе произведуваме струја за да го заштитиме стопанството од ценовен шок

Цените на електричната енергија на регионалните берзи се за три пати зголемени и од 56 е/MWh пред неколку месеци, сега цените се движат меѓу 140 и 170 е/MWh и нема најава дека ќе се намалат, изјави денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски во РЕК Битола.

Тој нагласи дека АД ЕСМ има стабилно производство и ги задоволува потребите на универзалниот снабдувач, ЕВН Хоум, за снабдување на домаќинствата, по цена значително пониска од пазарната, со цел да не се почуствува ценовен шок кај граѓаните.

Сепак, Ковачевски истакна дека за разлика од домаќинствата, стопанството и стопанските субјекти, се снабдуваат на слободниот пазар, а со оглед на енормниот пораст на цените на берзите нашето стопанство се соочува со опасност од голем ценовен удар на еден од главните енергенси кои ги користи -струјата.

„Од тие причини и по насоки од Владата, АД ЕСМ, како гарант и стабилизатор на цената на електричната енергија, планира дополнително производство од декември 2021 до април 2022 година, за што објави меѓународен јавен повик за набавка на јаглен за работа на трет блок во РЕК Битола, како и за продолжување на работењето на РЕК Осломеј. Со оваа произведена енергија ќе го зацврстиме електро-енергетскиот систем, додека дополнителните количини, односно вишоци на енергија, АД ЕСМ ќе ги продаде на слободниот пазар и со тоа ќе оствари дополнителен приход за компанијата и за државата“, посочи генералниот директор на АД ЕСМ.

Тој објасни дека претпријатието ќе ја понуди дополнително произведената електричната енергија кон стопанските субјекти по цени пониски од моменталните берзански цени, а поголеми од производната цена, со што, како што рече, ќе се зголеми произведството и ќе се продава со добивка, а стопанството ќе има можност да ја набави струјата по пониска цена од таа што сега е понудена на берзата.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk