logo
logo
logo

(Видео) Костадинов: Економските мерки даваат резултат

Vecer | 22.04.2021

(Видео) Костадинов: Економските мерки даваат резултат


Економските мерки и политики што ги спроведува владата обезбедуваат стабилизација на економијата и враќање на претходните стапки на раст, смета портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.

Тој потсети дека во тек е шестиот пакет мерки за справување со последиците од коронакризата со што како што наведе продолжува грижата и помошта за работниците и стопанството.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=kutitlkTyxY[/embed]

Со овој пакет мерки вреден 17,8 милиони евра ќе се поддржат 10.000 компании кои вработуваат околу 60.000 граѓани, смета Костадинов.

Тој дообјасни дека се предвидени 9,9 милиони евра за финансиска поддршка на околу 6.000 угостители.

Со ова како што рече на сите угостители ќе им бидат покриени 30% од приходите, а овој износ ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 и 2020 година, на кој ќе се аплицираат деновите во кои овие дејности беа затворени.

„Сите регистрирани угостителски објекти ќе добијат 15.200 денари финансиска поддршка по вработен, заклучно со 6 април 2021 година. Според истите критериуми, со 2,5 милиони евра ќе се поддржат околу 1200 ресторани за свадби, компании за организирање настани, игротеки, ноќни клубови, приватни детски одморалишта, фитнес центри, фотографи и фотографски студија. Конкурентноста на македонската економија повторно е на високо ниво. Последна потврда за тоа е новата инвестиција на Дрекслермајер во вредност од 16 милиони евра и отворање на нови 1.000 работни места во Кавадарци и Куманово“, истакна Костадинов.

Неговата оценка е дека по надминувањето на првичните шокови од пандемијата, деловната клима во државата денес е поволна за нови инвестиции.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk