(Видео) Грчкиот премиер Алексис Ципрас најави повисоки плати и пензии

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас најави повисоки плати и пензии, како и намалување на даноците во наредните месеци и години, додека земјата се бори да спроведе реформи и зад себе да го остави осумгодишниот период за решавање на последиците од должничката криза.

„Ние сме решени да исполниме договор со кредитори”, рече Ципрас, на отворањето на Меѓунродниот саемот кој беше во сенка на протестите на илјадници Грци кои излегоа на улиците на Солун во знак на протест против владините мерки за штедење и високата стапка на невработеност.

Според Ципрас грчкиот бруто-домашен производ (БДП) треба да се зголеми за 2,5 отсто оваа година, а невработеноста, посочи тој од 27,5 отсто пред четири години, паднала на 19,1 проценти. Ципрас најави и дека невработеноста ќе падне за дополнителни 10% во наредните пет години.

Ципрас на саемот беше домаќин на американскиот министер за трговија Вилбур Рос, како и голем број на странски бизнисмени. Рос во своето обраќање на саемот рече дека американските компании се подготвени да инвестираат во Грција. И грчките медиумите, исто така известуваат дека американските компании веќе покажале интерес за превземање на две грчки бродоградилишта.

Грција, на 20 август успешно го заврши третиот и последен круг од програмата за финансиски спас на земјата, и со тоа се стави крај на осугодишниот период во кој со помош на меѓународните кредитори се реваше должничката криза и земјата се задржа во еврозоната.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари