logo
logo
logo

(ВИДЕО) ЕКСКЛУЗИВНО: Се гаси производството во „ФЕНИ“, работниците ќе одат дома – ќе се продава на бугари?

Vecer | 01.07.2022

(ВИДЕО) ЕКСКЛУЗИВНО: Се гаси производството во „ФЕНИ“, работниците ќе одат дома – ќе се продава на бугари?

Синоќа целосно било изгасено производството во фабриката „Еуроникел“ претходно позната како Фени Индустри во Кавадарци - дознава Радио Лидер од извори во компанијата. Во печките повеќе не се топи руда, а ставени се на нивната минимум топлина, за да не станат неупоитребливи во иднина. Се очекува во наредните денови работниците на Еуроникел да бидат пуштени на принуден одмор. Скандалозно е што топилницата го прекинува произвоството во ситуација кога има огромни профити, затоа што во моментов цената на никелот на светските има висока цена која во изминатите месеци ги рушеше рекордите. Оттаму, останува непознато како е можно да се гаси производството, кога очигледно има огромен ќар? Еден од изговорите за кои се шпекулира е цената на електричната енергија, но и ова е сомнително затоа што при ваква цена на никелот анализите покажуваат дека има огромни профити и со скапа струја. Еден од сомнежите е дека Фени отишол како дел од пазарот во најновиот договор со Бугарија, имено, претходно топилницата се обидуваше да ја преземе бугарската Минстрој на олигархот Николај Волканов, но победи групата на Кочо Анѓшев кое преку интернационален фонд ја презема компанијата. Сега, како што дознаваме, како дел од договорот со Бугарија нашите власти на бугарите им ветиле дека ќе му му ја предадат фабриката на бугарскиот олигарх кој во Македонија е влезен во бизнисот со рудници. https://www.youtube.com/watch?v=kfwuP6L4Su4  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk