logo
logo
logo

(Видео) Димитриеска – Кочоска: Ребалансот на буџетот во насока на предизборен поткуп

Vecer | 08.06.2021

(Видео) Димитриеска – Кочоска: Ребалансот на буџетот во насока на предизборен поткуп


Ребалансот на буџетот е во насока на предизборен поткуп, обвини Гордана Димитриеска – Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=KFnOmcBeeBU[/embed]

Според неа, нема пари за стопанството кое едвај преживува, нема пари за земјоделците, нема пари за помош на невработените, нема пари за угостителите, за занаетчиите, но има пари за социјални трансфери кои се единствено предизборен поткуп кој ќе се плаќа повторно од сите граѓани.

„Внимавајте, планиран е буџетски дефицит од над 6%, кој ќе биде финансиран со нови и нови задолжувања, а притоа од тоа нема да има никаква корист никој освен кога се во прашање лукративните интереси на Зоран Заев. Со овој ребаланс се предвидуваат над 200 милиони евра за предизборен поткуп кој преставува грабеж на државната каса финансирана од граѓаните, а скриена во ставката субвенции и трансфери“, рече Димитриеска – Кочоска.

Таа вели дека најголем фокус на ваквиот ребаланс нема да биде индустријата и реалниот сектор, туку гломазната државна администрација. Со други зборови, додаде Димитриеска – Кочоска, уништената економија и клекнатото стопанството ќе треба да ја хранат дополнително администрацијата заради политичките и теснопартиските интереси на Заев и власта.

„Со ребалансот Зоран Заев секое семејство ќе го задолжи за НОВИ 400 евра. Замислете власта која го крена долгот на највисоко ниво од над 7 милијарди евра или околу 63% од БДП, продолжува да задолжува само и само заради тоа што Заев сака да се спаси од дебаклот на изборите. Овој ребаланс ќе ги задолжи семејствата со нови 400 евра. Зборува за повисоки планирани капитални инвестиции, а реализацијата заклучно со мај е одвај 22%“, рече таа.

Димитриеска – Кочоска изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е против ваков ребаланс на буџет кој, како што рече, никако не може да се квалификува како развоен.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk