(Видео) Анѓушев. Над 100 компании оваа година ќе добијат финансиска помош од државата

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, во придружба на министерот задолжен за странски инвестиции Бардул Даути и градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски, ја посети компанијата „Комфи Ангел“ во Прилеп.

По средбата со менаџментот на компанијата и увидот во производствениот процес, вицепремиерот Анѓушев истакна дека „Комфи Ангел“ е една од компаниите кои ги задоволуваат условите за користење на средствата од Законот за финансиска поддршка на инвестициите и компанија со која Владата има склучено договор за финансиска поддршка.

„Комфи Ангел“ е одлична компанија, со извозно ориентирано производство и работи за реномирани светски брендови и очекуваме дека со ваквата поддршка тие ќе го зголемуваат своето производство и извозот. Оваа година ќе бидат поддржани над 100 компании а за следната година имаме проектирано 36% повеќе средства за поддршка на македонското стопанство“, истакна вицепремиерот Анѓушев.

Од „Комфи Ангел“ велат дека ова е првпат компанијата да добие финансиска помош од владата по 14 години постоење и работење.

„ Тоа ќе биде голема помош за нас компаниите, да се едуцираме и информираме што значи да не ги кршиме регулативите. Глобата не носи ефект ни за државата ни за компанијата, таа има едностран импакт. Многу е поквалитетно и подобро кога некој ќе ви укаже на кој начин треба да ја имплементирате регулативата и тоа со цел да ги градиме своите бизниси на посакуваното ниво“, изјави Ирена Јакимовска, ко-сопственик на Комфи Ангел.

Во насока на градење на стабилна и здрава економска клима со балансирана поддршка на домашните компании но и континуиран фокус на странските, Анѓушев, оваа година ја оцени како успешна од аспект на странски директни инвестиции.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари