Шефот на Microsoft:

Вештачката интелигенција ќе донесе работа на многу луѓе

Вештачката интелигенција ќе автоматизира многу дејности, кои во моментов се спроведуваат од луѓе. Главниот и извршен директор на Microsoft, Сатја Надела, сепак, мисли дека ова, исто така, може да има позитивен ефект.

Според неговите зборови, развојот на технологијатаа ќе отвори нови работни места.

Треба да имаме многу јасна идеја какви точно активности ќе промене автоматизацијата. Сепак, се надевам и мислам дека таа ќе привлече повеќе луѓе кон работната сила", коментираше Надела на настан во Лос Анџелес, цитиран од Recode.

Според Надела, вештачкиот интелект ќе им помогне на луѓето со попреченост да се вклучат на исто ниво како и остатокот од пазарот на трудот. Тој конкретно го споменува софтверот на Microsoft, кој се вика Seeing.. Кога камерата е вклучена, мобилната апликација објаснува каков објект има пред неа. Идејата е да им се помогне на луѓето со оштетен вид.

Има уште многу работи што можеме да ги направиме во оваа насока и да им помогнеме на овие луѓе", смета шефот на ИТ гигантот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари