logo
logo
logo

Венецуела: Нема веќе НАФТА за Европа

Vecer | 15.08.2022

Венецуела: Нема веќе НАФТА за Европа

Венецуела ја запре испораката на нафта во Европа.

Нафтената компанија „ПДВСА“ ги суспендираше испораките на суровата нафта во Европа и бара гориво од италијанската „Ени“ и од шпанската „Репсол“ во замена за идните карго пратки, објави Ројтерс.

Земјата повеќе не е заинтересирана за договор „нафта за долг“ кој го одобри американскиот Стејт департмент во мај. Државната компанија на Венецуела продолжи со испораката за Европа во мај по двегодишна суспензија поради американските санкции, но сега испораката е стопирана.

Инаку, саудискиот нафтен гигант „Арамко“ го собори сопствениот рекорден профит откако во вториот квартал од оваа година оствари профит од 48 милијарди долари.

Ова е зголемување од 90 отсто во однос на истиот период лани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk