Васко Ефтов е новиот директор на телевизија Алфа

Новинарот Васко Ефтов денес стана нов директор на националната телевизија „Алфа".

Ефтов стана директор наместо на Љубомир Николовски. Информацијата за промената на директорското место беше откриена со промената на имињата во Централниот регистар.

Емисијата „Во центар на Ефтов веќе неколку години се прикажува на оваа телевизија.

Телевизија „Алфа" постои од 2008 година. Сопственик во тоа време беше бизнисменот Штерјо Наков преку компанијата „Фершпед", кој во септември 2013 година му продаде 56 отсто од акциите на телевизијата на српскиот бизнисмен Веселин Јевросимовиќ и неговата македонска компанија „ЦХС Инвест груп".

Поврзани

Најнови вести

Коментари