logo
logo
logo

Уште ТРИ БРОДА со 58.000 тони пченка испловија од Украина

Vecer | 05.08.2022

Уште ТРИ БРОДА со 58.000 тони пченка испловија од Украина

Три брода со вкупно 58.000 тони пченка утрово тргнаа од украинските пристаништа кон Турција, Велика Британија и Ирска, соопшти Министерството за одбрана на Турција.

Првиот брод „Навист“ под знаме на Панама, исплови од пристаништето Одеса за Ирска со 33.000 тони жито, се наведува во соопштението на Министерството.

Бродот ќе биде подложен на инспекција во Заедничкиот координативен центар (ЗКЦ) во Истанбул пред да го продолжи своето патување до крајната дестинација.

Вториот брод „Ројен“, под знаме на Малта, тргна од пристаништето во Черноморск со 13.000 тони жито, а неговата крајна дестинација е Велика Британија, соопшти Министерството, додавајќи дека го следи Заедничкиот координативен центар, пишува Анадолија, пренесува „Блиц“.

Третиот брод „Поларнет“, брод под знаме на Турција, кој чекаше во пристаништето во Черноморск, влезе во пристаништето Караса во северозападна Турција.

Бродот, кој превезува 12.000 тони жито, ќе го прегледа заедничка екипа во Истанбул.

Во понеделникот од украинското пристаниште Одеса исплови првиот брод со жито, кој потоа по одредени проверки во Истанбул го продолжи патувањето од Истанбул до Либан.

Бродот под знамето на Сиера Леоне бил натоварен со пченка.

Со посредство на Турција и ОН, Украина и Русија на 22 јули во Истанбул потпишаа договор за обновување на испораките на украинско жито од пристаништата на Црното Море.

Согласно договорот, формиран е координативен центар кој ќе врши заеднички контроли на влезовите и излезите на пристаништето, обезбедувајќи ја безбедноста на рутите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk