Угостителите бараат подолго работно време

Рестораните и кафулињата да работата до еден часот по полноќ. Казните и давачките кон државата да бидат помали. Угостителите образложија дел од проблемите кои ги кочат повеќе да заработата и на своите вработени да им исплатата солидни плати.

Велат казнените глоби и даноците се исти за сите – и за оние со помали заработувачки и за големите ресторани. Проблем кои ги спречува да остварат солидни финанскски резултати е и скратеното работно време. Се пожалија и на селективното казнување од страна на инспекторите.

- Освен казните даноците се превисоки. Секогаш кога треба да се полн буџетот ние сме првио таргет на сите инспекции и се очекува од казни врз нас да се полни. Ние немаме моќ како големите компании, рече Илија Аргировски

Како проблем го посочија и немањето на солиден кадар за работа. Бараат ревизија на пазарот на трудот и вклучување на образовнио систем за да може во идина да се генерираат стручни лица кои ќе можат да одговорат на потребите во оваа дејност.

- Немаме кадара солиден и стручен . Инвестираме во некој што не знае да донесе часа вода, рече Јохан Елзесер

Сметаат дека треба да има и планско отворање на угостителките објекти. Забелешки имаат и за законот за пушење. Најавија дека проблемите ќе ги достават до надлежните за да можат да ја подбора состојбата во дејноста да заработата и го вратата својот углед. Според статистиката во секторот работата 700 илјади лица од кои само 150 илјади се редовно вработени.

Поврзани

Најнови вести

Коментари