Турската Централна банка ја подигна каматната стапка

Турската Централна банка значително ја подигна референтната каматна стапка од 17,75 на 24 отсто за да ја намали инфлацијата и да ја поддржи домашната валута, која годинава забележа големи загуби.

Монетарниот одбор на турската Централна банка ја подигна стапката и покрај изјавата на претседателот, Реџеп Тајип Ердоган во која тој се противи на зголемувањето на каматната стапка.

Турската лира започна за заздравува набрзо по објавата на банката. Претходно, во текот на денот, лирата падна за 3 проценти во однос на доларот. Централната банка во соопштение наведе дека инфлацијата расте.

Зголемувањето на каматната стапка би можела и понатаму да го ограничи растот, но независните аналитичари сметаат дека тој чекор е потребен за да се намали инфлацијата и да се поддржи домашната валута.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари