logo
logo
logo

„Туркиш Техник“ ќе ги одржува авионите на „Ер Србија“

Vecer | 04.02.2023

„Туркиш Техник“ ќе ги одржува авионите на „Ер Србија“

„Туркиш Техник“, филијалата на турскиот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ за одржување, поправка и ремонт на авиони, потпиша договор со „Ер Србија“ за базно одржување на нејзините авиони, јавува Анадолу.

Компанијата соопшти дека базното одржување на авионот Ербас А320цео на „Ер Србија“ веќе започнало во капацитетите на „Туркиш Техник“ на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул.

Авионот А330 ќе биде однесен на сервис во истиот објект во наредните месеци, се вели во соопштението на компанијата.

„Среќни сме што го зајакнуваме партнерството помеѓу 'Туркиш Техник' и 'Ер Србија' и се стремиме да продолжиме да ја градиме нашата врска понатаму во годините што доаѓаат“, рече Микаил Акбулут, извршен директор на „Туркиш Техник“.

Јиржи Марек, извршниот директор на „Ер Србија“, истакна дека авиопревозникот постојано се стреми кон оперативна ефикасност и подобро искуство во патувањето на своите патници.

„Сходно на тоа, склучивме партнерство со 'Туркиш Техник' и им го доверивме одржувањето на неколку авиони од нашата Ербас флота. Силно веруваме дека овој договор е почеток на големо партнерство меѓу нашите компании“, рече тој.

„Туркиш Техник“ обезбедува одржување, поправка, ремонт, инженерство, модификација како и услуги за реконфигурација на многу домашни и меѓународни клиенти на пет локации.

Фото: Ер Србија

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk