logo
logo
logo

Турција се согласи, ЌЕ ПЛАЌА ВО РУБЉИ

Vecer | 12.08.2022

Турција се согласи, ЌЕ ПЛАЌА ВО РУБЉИ

Анкара се согласи да плати дел од рускиот природен гас во рубљи.

Русија и Турција постигнаа начелен договор за префрлање на некои плаќања за рускиот природен гас во рубљи, како дел од продлабочувањето на трговските врски меѓу двете земји, соопшти турското Министерство за енергетика.

Избегнувањето плаќање во американски долари им помага на двете земји. Русија ја нарече валутата „токсична“ бидејќи западните санкции ги отежнуваат трансакциите. Таа, исто така ѝ помага на Турција да ги заштити своите сè помали резерви на тврда валута.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатата недела потврди дека Анкара ќе почне да плаќа дел од увозот на природен гас од Русија во рубљи по повеќечасовни разговори со неговиот руски колега Владимир Путин во Сочи.

Двете земји потпишаа и мапа за економска соработка со која се предвидува зголемување на билатералниот трговски промет на 100 милијарди долари годишно. Претседателите, исто така, разговараа за широк спектар на прашања, вклучувајќи го и извозот на жито од Украина.

Претходно овој месец, Путин рече дека земјите од ЕУ треба да и бидат благодарни на Турција за обезбедувањето на блокот со сигурно снабдување со руски гас преку гасоводот Турски тек.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk