logo
logo
logo

Тројца од пет работници НЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ПЛАТАТА, особено во овие професии

Vecer | 17.01.2022

Тројца од пет работници НЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ПЛАТАТА, особено во овие професии

Тројца од пет професионални работници се незадоволни од својата плата, покажува ново истражување. Сајтот за вработување CV-Library објави дека неговото истражување спроведено на 1.500 вработени покажало дека адвокатите, наставниците и новодипломираните се оние кои се најразочарани од своите плати.

Ова е приказна која ни доаѓа од Велика Британија, а напротив, во САД има се поголема „борба“ за таленти, па и правниците почетници имаат огромна заработка.

Меѓутоа, во Британија нешто повеќе од половина од испитаниците изјавиле дека никогаш не се обиделе да преговараат за повисока плата и покрај тоа што не се задоволни од тоа колку заработуваат.

Една од причините зошто молчеле секако е стравот да не ја загубат работата, или да не изгледаат премногу „наметливо“, додека некои изјавиле дека не знаат како да преговараат.

Во овој поглед, овие методи можат да бидат корисни доколку сакате да се борите за подобри приходи, но не и да ја загрозите вашата позиција.

На веб-страницата CV-Library се наведува дека платите се зголемуваат во многу сектори, бидејќи компаниите се борат да вработат кадар, особено во угостителството, маркетингот и компјутерите. Таа промена веќе се рефлектира на пазарот на труд во 2022 година, со зголемување на просечните плати во 16 сектори овој јануари.

Извршниот директор на CV-Library, Ли Бигинс, рече: „Кога првпат се појави пандемијата, компаниите ја имаа целата моќ и конкуренцијата за врвни работни места беше посилна од кога било. Сепак, во последните неколку месеци видовме дека моќта се враќа назад во корист на кандидатот “.

Тој вели и дека зголемувањето на платите, кое од година во година е забележливо во Британија во многу индустрии, го потврдува штотуку кажаното.

„Кандидатите треба да се чувствуваат способни да преговараат за плата без страв дека ќе изгубат возбудлива можност“, рече Бигинс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk