Трамп твитна и Арапите се средија: Нема воена поддршка ако не падне цената на нафтата

Претседателот на САД, Доналд Трамп, посочи дека ќе ја отповика американската војска за поддршка на земјите во Блискиот Исток, ако членовите на ОПЕК не ја намалат цената на "црното злато".
"Ние ги штитиме земјите на Блискиот Исток, кои без нас не би биле безбедни, но тие продолжуваат да потпомагаат поголеми и повисоки цени на нафтата! Ова ќе го запамтиме. ОПЕК има монопол кој мора сега да ги намали цените!", твитна Трамп.

По неговото твит, цената на американската "lake" нафта (WTI) падна за 0,2 проценти. Во средата, цената на оваа нафта достигна цена од 70 долари за барел, а во текот на изминатиот месец е зголемена за осум отсто.

Трамповата критика доаѓа пред овогодинешната седница на членовите на ОПЕК и претставници на Руската Федерација, каде што, како што се очекува, веројатно ќе се зборува за зголемување на производството.

Поврзани

Најнови вести

Коментари